Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.