Чекор 1 - Регистрација на корисник

Внесете ги вашите податоци во празните полиња под насловот Регистрирај се и креирајте го вашиот кориснички профил

Чекор 2 - Пополнете ги податоците на вашиот профил

По успешната регистрација на вашиот кориснички профил, автоматски ќе бидете префрлени кон контролната табла за да го додадете вашето сместување. Но, пред тоа, ние Ви препорачуваме да пристапите кон полето „Сметка” ( Слика 1 ) и да ги пополните полињата со ваши податоци ( Слика 2).
Доколку сметате дека тоа не е потребно, пристапете кон чекор 3.

Слика 1

Слика 2

Чекор 3 - Додавање на вашето сместување

Со пополнување на податоците за вашата корисничка сметка пристапете кон полето „Додади сместување”. Потоа внесете наслов на вашето сместување односно име со кое сакате нашите посетители да ве запомнат. Пополнете ги и останатите 7 полиња ( Слика 3 )

Слика 3

Кога ќе завршите со пополнување на првиот дел, одите кон следниот а тоа е додавање слики од вашето сместување (задолжително е минимум 5 ) и додавање на прилози (доколку има и сметате дека треба да прикачите)

Слика 4

Откако ќе ги прикачите сликите, следен чекор е избирање на локација. Внесувањето на локацијата е по пат на пинување со десен клик на местото каде што се наоѓа вашето сместување.
НАПОМЕНА: Во моментот на креирање на упатството, внесувањето на локација сеуште не беше целосно имплементирано. Доколку имате проблем со внесување, Ве молиме контактирајте не.

Слика 5

Следен чекор е одбирање на предности кои ги има вашето сместување. Бирањето оди по пат на кликање и автоматско штиклирање ( Слика 6 )

Слика 6

Одберете за колку гости се однесува цената која ја внесовте кога го пополнувавте првиот дел. Доколку вашата опција ја нема во наведените, оставете го празно ( Слика 7 )

Слика 7

Чекор 4 - Изберете пакет

Како што знаете, со првото регистрирање на вашата корисничка сметка на нашата веб страна, Вие добивате 30 дена бесплатно да го огласите вашето сместување.Доколку имате бесплатен период, тоа треба да изгледа вака ( Слика 8 )

Слика 8

Доколку внесувате второ сместување во периодот од 30 дена, или пак бесплатниот период ви истече, на вашиот екран ќе се појават нашите пакети ( Слика 9 ) Одберете го пакетот што најмногу ви одговара и кликнете го копчето „Додади сместување”

Слика 8

Пристапете кон процесот за наплата. Можете да платите безбедно со вашата дебитна или кредитна картичка. Со плаќање на одбраниот пакет, вашето сместување автоматски ќе се активира и ќе биде постирано на нашата веб страна.
НАПОМЕНА: Доколку сте правно лице, можете да платите и со профактура, дирекно на сметка на нашата компанија. Контактирајте не за да ви дадеме понатамошни инструкции.

Кликнете на копчето за да прочитате повеќе за начинот на плаќање

Чекор 5 - Успешно додадено сместување

Ви благодариме на соработката и довербата. Вие успешно го додадовте вашето сместување. Тимот на ТРАВЕЛ ХАБ ДОО Ви посакува успешна работа, ние ќе се погрижиме Вашето сместување да стигне до очите на голем број потенцијални гости.

ТРАВЕЛ ХАБ ДОО Скопје

ЕДБ: МК4057023565834

ЕМБС: 7680066

ЛИЦЕНЦА Б за вршење туристичка дејност

Регистарски број : УП I -13 - 542

Copyright © 2023. All rights reserved.